Connect with us

Други спортови

ОФМ нема да дозволи да биде нарушен угледот на репрезентацијата

Одбојкарската федерација на Македонија се огласи по одлуката на Македонскиот олимписки комитет предвреме да ги врати дома репрезентативците кои ја претставуваа државата на медитеранските игри во шпанија.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на ОФМ:

– Нашите репрезентативци во секоја прилика, на и вон теренот го давале максимумот за да достојно ја претстават Македонија.

ОФМ нема да дозволи имиџот на репрезентацијата да биде нарушен со паушални изјави, без никакво покритие за истите.

За сето време на наводниот настан биле присутни и официјални лица од МОК и останати спортисти од делегацијата.

Доколку имало било каков инцидент, поединците кој што го предизвикале ќе бидат санкционирани.

Репрезентативците се враќаат во Скопје во четврток, по враќањето ќе има официјален извештај за настанот, се вели во соопштението на ОФМ.

Македонските одбојкари беа обвинети за недолично однесување и нарушување на јавниот ред и мир во „Медитеранското село“ по што генералниот секретар донесе одлука да ги врати назад во Скопје.