Connect with us

Фудбал

Осогово продолжува со 11-те фудбалери за Втората лига Исток

Иако е пауза помеѓу двете сезони и период од годината кој е предвиден за одмор, Управата на ГФК Осогово максимално работи за предизвикот што следи, а тоа е Втората лига Исток.

Како и што доликува за еден реномиран клуб, предност при разговорите за формирање на ростерот на екипата имаа играчите кои изминатата сезона го носеа „жолто-синиот“ дрес.

Во текот на оваа седмица по разговори, на обострано задоволство беше продолжена соработката со 11 фудбалери кои изминатата сезона настапуваа за ГФК Осогово.

Голманската позиција е пополнета со останувањето на Ѓорѓи Јованоски и Стефан Ковачевиќ. Во дефанзивната линија повторно ќе ги гледаме  Никола Стоиловски, Стефан Спиркоски и Дарио Наумоски.

Дел од ГФК Осогово и понатаму ќе биде капитенот Андреј Коцевски, како и неговиот заменик Драган Паунов. Исто така на верност кон клубот се обврзаа Александар Гаврилов, Илија Шуманов и Андреј Рајатовски.

И за крај, обновена е соработката и со првиот стрелец, напаѓачот Тоше Манов.

Клубот во оваа прилика им се заблагодарува на досегашната соработка на Благојчо Коцев, Филип Ѓорѓиев и Илија Христовски на кои им посакуваме многу успех во понатамошната кариера. Исто така и Стефанчо Цветанов повеќе нема да биде дел од екипата откако најави повлекување од фудбалот.

Управата на клубот е во интензивни преговори за нови засилувања кои би донеле дополнителен квалитет во тимот и ширина во ростерот. Дел од новите имиња веќе се договорени, а со некои сме во завршни преговори. Во следниот период ќе бидат промовирани.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com