Connect with us

Фудбал

Отказот е подготвен, само да се достави до Конте

Според известувањата на неколку угледни медиуми, Челзи ќе му врачи отказ на тренерот Антони Конте во наредните денови, и покрај фактот што „Плавите“ во саботата го освоија трофејот од ФА Купот

Италијанскиот стратег го презеде тимот на Челзи во летото 2016 година и во својата прва сезона стигна до титулата во шампионатот на Англија. Сепак, неговата втора сезона на клупата во Лондон беше, во голема мера, разочарувачка.

Челзи не успеа да се квалификува во Лигата на шампионите, па трофејот на ФА Купот не можеше да го намали разочарувањето на Стемфорд Бриџ.

Според „BeIN Sports“ и „Premium Sport“, челниците на Челзи би треба да го предадат отказот на Антонио Конте во наредните денови, а според некои шпекулации, ова може да се случи во следните 24 часа.

Односот на Конте и администрација на Челзи веќе некое време е на „разнишани нозе“, и судејќи по шпекулациите кои стануваат се погласни од ден на ден, Италијанецот наскоро ќе мора да се побара нов ангажман.