Connect with us

Фудбал

Ова е официјалното објаснување за поништениот гол на Барселона, Рафиња се шегува со Левандовски

Барселона синоќа беше оштетена на гостувањето кај Реал Сосиедад бидејќи голот на Роберт Левандовски беше неправедно поништен поради наводен офсајд.

Полјакот постигна гол во првото полувреме за водство на Каталонците од 1-0, а судиите во ВАР-салата му предложија на главниот судија Гиљермо Куадра да го поништи, што и го направи. Снимката која требаше да ја оправда одлуката на судијата излезе веднаш, но се чини дека се покажа спротивно.

Имено, Левандовски беше во дуел со домашниот стопер Најеф Агуерда, а по прегледувањето на ВАР снимките беше досуден офсајд бидејќи дел од врвот на копачката му беше во недозволена положба. Сепак, многу шпански фудбалски фанови и новинари тврдат дека Барселона е оштетена. Тие наведуваат дека ВАР погрешно го идентификувал стапалото, односно го карактеризирал стапалото на Агуердо како стапалото на Левандовски. Легендарниот полјак затоа беше речиси половина метар во дозволената позиција. Поради (не)дозволената позиција утрово на социјалните мрежи се пошегува и неговиот соиграч Рафиња.

По натпреварот, судиската организација се состана и ја даде својата верзија за поништениот гол и ја образложи оваа одлука на ВАР технологијата.

Тие наведуваат дека немало погрешно толкување ниту, пак, виделе размена на идентитети помеѓу Агуердо и Левандовски преку компјутер, бидејќи се зборуваше дека врвот на ногата во офсајд била на Агуердо. Во извештајот се наведува и дека ситуацијата била прегледана со десет дополнителни камери покрај оние од аудиовизуелната продукција за да се потврди дека системот е исправен и дека применетата технологија предвидува милиметарски офсајд  Системот Hawk-Eye снима 29 агли на фудбалери до 50 пати во секунда за да ја пресмета нивната точна позиција на теренот. Благодарение на оваа технологија се намалува времето за утврдување дали има офсајд или не. Просекот обично е 25 секунди, иако може да биде и подолг, вакво објаснување од судиската организација.