Connect with us

Ракомет

Ова е замената за Раул на селекторската позиција во репрезентацијата!?

Ракометната федерација на Македонија му се заблагодари на Раул Гонзалез за придонесот за македонската репрезентација и двете страни спогодбено го раскинаа договорот, а веќе се наметнува прашањето кој ќе го наследи „Ел Команданте“ на селекторското столче.

Како најсериозен кандидат за нов селектор на Македонија е Роберто Гарсија Парондо, „ученикот“ на Раул Гонзалез од шампионската ера во Вардар. Парондо беше „десна рака“ на македонскиот селектор, а голема е веројатноста тој во иднина да го води националниот тим.

По Раул Гонзалез, Лино Червар, Ивица Обрван, Звонко Шундовски… опција е вардаровиот стратег, кој би бил нов странски тренер во историјата на нашиот национален тим. Во своето соопштение за раскинот на договорот со Раул, РФМ вели дека „машката А-селекција треба да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата“.

Така, се наметнува Парондо како прва опција, ако се земе предвид дека е во Македонија, дека го води Вардар, но и дека добро ги познава репрезентативците и климата во националниот тим, затоа што веќе претходно работеше со Гонзалез. Тука секако дека е и Данило Брестовац, кој работи во Металург и е селектор на младинските категории во Македонија.

Парондо веќе еднаш го наследи Раул Гонзалез, но во Вардар, кога шпанскиот стратег кој направи чудо и ги направи „црвено-црните“ европски прваци, реши да замине во Франција и да го води ПСЖ.

Од РФМ најавија дека нов селектор ќе се назначи во најбрз можен рок. Новиот предводник првиот „испит“ ќе го има во квалификациите за Европското првенство (ЕП), во мечевите против Исланд на 10 и 14 април.

Извор: gol.mk

Реклама
Реклама

Повеќе од Ракомет

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com