Фудбал
Овој човек е неуништлив, на 58 години најави уште една сезона во фудбалот!
Дали знаете кој е најстариот фудбалер кој некогаш играл професионална игра? Тоа е Јапонецот Казујоши Мијура кој најави дека ќе игра фудбал и на 58 години.
Нереално и неверојатно, колку и да се знае како живеат и јадат Јапонците, Казу успеа да и пркоси на биологијата и изводот од матичната книга на родени. Кралот Казу, како што го нарекуваат во Јапонија, кариерата ја започна уште во 1982 година во Шизугаку, за да се пробие во Бразил преку Јувентус, Сантос, ЦРБ, Коритиба… Потоа следуваше враќање во Јапонија (Јомури), а тој се испроба во италијанска Џенова и загрепски Динамо во 1999 година. Стигна и во Австралија (Сиднеј) и Португалија (Оливеиренсе), а играше и за познати јапонски клубови како Коби, Јокохама, Кавасаки…
🚨 𝗢𝗙𝗙𝗜𝗖𝗜𝗔𝗟: Kazuyoshi Miura has announced his intention to return to play for Suzuka next season! 🇯🇵
He is now 57-years old and this will be his 40th season as a professional footballer. 🤯 pic.twitter.com/QOOEJjYNwG
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 12, 2024
Популарниот Казу откри дека следната сезона ќе игра за Сузука, екипа од четвртиот степен на јапонскиот фудбал. Мијура е на позајмица во Сузука од Јокохама, а сега откри дека ќе остане во истиот клуб. Тоа значи дека тој ќе ја започне својата 41 сезона како фудбалер.