Connect with us

Фудбал

Па, затоа Гвардиола е најдобар! Овој потег не сте го виделе во фудбалот (ВИДЕО)

Интересна сцена се случи по натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Фулам (3:2) во Премиер лигата. Актуелниот шампион успеа да се извлече во пресврт, за што може да му се заблагодари на крилниот напаѓач на ривалот Адама Траоре.

Траоре прошушти три зицери на „Етихад“, од кои два одбрани Едерсон Мораеш, но јасно е дека мораше многу подобро да ја избегне улогата на трагичар. Физички моќниот Шпанец со корени од Мали уште еднаш ја покажа својата брзина и сила, но и слабото согледување кое го влечеше низ кариерата. Таков случај имаше во Барселона, ист во Астон Вила, Мидлсброу и Вулверхемптон, а сега и во Фулам.

И тој беше разочаран веднаш по натпреварот во Манчестер. Додека играчите на Фулам со наведнати глави се движеа кон соблекувалната, му пријде Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити и направи потег кој многумина сигурно не го видоа. Гвардиола му објасни на својот сонародник каде згрешил и што требало да направи за да постигне гол или повеќе против својот тим.