Connect with us

Фудбал

Па затоа Милан не те пријави во Лигата на шампионите, што промаши Лука Јовиќ против Шпанија?! (ВИДЕО)

Комбинираниот состав на селекцијата на Србија, одигра без голови на стартот од новиот циклус на Лигата на нации против Шпанија во Белгад. Добро одиграа избраниците на Драган Стојковиќ Пикси, солидно се спротивставија на актуелниот европски првак, но шансата на мечот ја имаше Лука Јовиќ кој промаши чист зицер во моменти кога голманот на Шпанија веќе „легна„ на тревата. Веројатно ова е доволен доказ зошто италијанскиот тим Милан не го пријави Лука Јовиќ на списокот за играчи за Лигата на шампионите.
Инаку, за Србија не настапија неколку ѕвезди, поради несогласувања со селекторот Пикси, меѓу нив е и напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, како и Сетргеј Милинковиќ Савиќ и Душан Тадиќ.