Connect with us

Фудбал

Партизан го разреши тренерот Мирослав Ѓукиќ

Раководството на фудбалскиот клуб Партизан го разреши тренерот Мирослав Ѓукиќ, а на функцијата ќе го замени Зоран Мирковиќ.

За смената на Ѓукиќ се говореше уште минатата сезона, но благодарение на добрите резултати во Лига Европа тој ја задржа позицијата.

Но, по лошиот старт на Партизан во новата сезона, раководството на клубот одлучи да ја прекине соработката.

– Мирослав Ѓукиќ веќе не е тренер на Партизан. Клубот му се заблагодарува за се што направи досега за нас, како што и тој му е благодарен на Партизан. Се разделуваме во добри односи. Сега веќе поранешниот тренер не бара никакво обештетување од клубот, а целиот долг кон него ќе му биде исплатен во следните две години, наведе генералниот директор на Партизан, Милош Вазура.

Тој воедно потврди дека клубот се договорил со Зоран Мирковиќ да ја преземе тренерската функција.

Во српските медиуми се појавија гласини дека Партизан на Ѓукиќ треба да му исплати 250.000 од 400.000 евра, колку што му следуваше до истекот на договорот со клубот.