Connect with us

Фудбал

Пелегрини го превзема Вест Хем оваа недела

Чилеанскиот тренер Мануел Пелегрини (64) оваа недела треба да го преземе лондонскиот Вест Хем.

Британските медиуми денеска соопштија дека Пелегрини со Вест Хем треба да потпишат тригодишен договор.

Чилеанецот ќе го наследи Дејвид Мојес во клуб на Чекичарите, кој го предводеше Вест Хем во последните седум месеци оваа сезона.

Пелегрини во својата богата тренерска кариера ги предвдеше: Универсидад де Чиле, Палестино, О’Хигинс, Универсидад Католика, Сан Лоренцо, Ривер Плата, Виљареал, Реал Мадрид, Малага, Манчестер Сити и Хебеј Кина Форчун.