Connect with us

Фудбал

Петиција до ФИФА привремено да се укине суспензијата на Гереро

Капитените на ривалите на Перу на Светското првенство, на Франција Уго Љорис, на Данска Симон Кјер и на Австралија, Миле Јединак, испратија писмо до Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за укинување на суспензијата и да му дозволи на Паоло Гереро да игра на Мундијалот во Русија.

Гереро падна на допинг тест минатиот октомври кога кај него беше утврдено присуство на кокаин. Перуанецот доби 14 месечна суспензија од фудбалот, но противниците на Перу во групната фаза на СП побара привремен прекин на казната, додека трае турнирот.

Во писмото објавено од страна на Синдикатот на фудбалери – ФИФПро, се бара сочувствување со Гереро тој да може во улога на капитен да ја предводи својата репрезентација која по пауза од 36 години избори настап на Мундијалот.

Првично искусниот 34-годишен напаѓач на Фламенго беше казнет со една година забрана, ФИФА ја преполови казната, но Судот за спортска арбитража (ЦАС) му ја зголеми на 14 месеци.

Гереро беше најдобриот перуански фудбалер во Јужноамериканските квалификации со пет гола.