Connect with us

Фудбал

Петковиќ: Сакавме да постигнеме повеќе

Тренерот на репрезентацијата на Швајцарија, Владимир Петковиќ изјави дека сите од составот се исклучително разочаран поради елиминацијата во осминафиналето на Мундијалот 2018 по поразот со 0:1 од Шведска.

– Длабоко сме разочарани. Сакавме да постигнеме повеќе. Но треба да ги поздравиме Швеѓаните, бидејќи тие го направија токму тоа, во што се најдобри, а тоа се покажа доволно за да не победат. Откако ни постигнаа гол, стана многу тешко да се вратиме. Требаше да играме подобро, но немавме вистински можности. Затоа и изгубивме. Знаевме дека натпреварот најверојатно ќе се реши со некој удар од дистанца, некој рикошет, како што и се случи, изјави Петоковиќ.

Селекторот се осврна и на играта на противникот откако искажа доста пофални зборови.

– Многу луѓе мислеа дека Шведска е просечна екипа, нешто како Б-тим, но се виде уште во баражот против Италија, а потоа и во средбит во групата дека тоа воопшто не е така. Тие се многу хомогени тим, физички многу цврст и силен. За жал, ние дејствуваме премногу бавно, правевме многу грешки при подавањата, особено во првото полувреме. Денес ние едноставно не можевме да ја најдеме нашата игра. Малите детали го решија натпреварот, коментираше Петковиќ по мечот.