Connect with us

Фудбал

Пијам секој ден и ќе ви кажам зошто? Ме викаа Цар, ме носеа на фенси вечери, а јас само сакав да бидам во моето маало!

Познатиот бразилски фудбалер Адријано (42) можеше да има многу поуспешна кариера. Во еден момент беше прва ѕвезда на Серија А, изгледаше незапирливо во дресот на Интер, но преку ноќ се „исклучи“ и никогаш повеќе не беше на старото ниво.

Наместо да се зборува за неговиот моќен шут и брзина, се зборуваше за проблеми со вишокот килограми и пороци, а за разлика од другите фудбалски икони од неговата ера – тој живее далеку од луксуз. Адријано својата пензија ја минува во родниот Рио де Жанеиро, но во сиромашната населба Вила Крузеиро. Често можеме да видиме дека тој ги полни колумните на таблоидите во Бразил поради скандалот што го направи, но некои детали од неговиот живот кои беа претставени во јавноста сепак не беа точни. Адријано во големата исповед за приватниот живот за „Players Tribune“ искрено призна дека е алкохоличар, но дека не е наркоман, ниту мафијаш како што се обидоа да го претстават медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriano imperador (@adrianoimperador)

„Не се дрогирам, како што некои сакаат да го претстават. Не сум за никаков криминал. Не сакам да излегувам во ноќни клубови. Секогаш одам на истото место во моето соседство, што е Киоск Нана, aко сакате да ме запознаете, застанете таму. Пијам речиси секој ден. Како може човек како мене да пие речиси секој ден? Затоа што јас сум ветување кое не е исполнето”, напишал Адријано во интимната исповед.

„Ме викаа Цар. Можете ли да го замислите тоа? Момче кое ја напушти фавелата стана цар во Европа. Не знам како да објаснам. Очигледно некои работи добро ги направив. Многу луѓе не разбираат зошто јас ја оставив славата за да седнам во  старото соседство и да се пијанчам. Тоа е одлука што е тешко да се смени.

Покрај Интер, Адријано играше и за Фламенго, Фиорентина, Парма, а во полошиот дел од кариерата, Сао Паоло, повторно Фламенго, Рома, Коринтијанс, повторно Фламенго, потоа Атлетико Паранаенсе и Мајами. Тој официјално се збогуваше од фудбалот во 2016 година.

А, потоа една вечер доби телефонски повик од Бразил. „Адри, тато е мртов“, слушнал од другата страна на линијата од членовите на неговото семејство кои живееле во татковината. До него беше капитенот Хавиер Занети и сведок на сцена која никогаш нема да ја заборави – виде како кариерата на еден од најголемите таленти во светот пропадна за миг и кој на само дваесет години остана без својата најголема поддршка – неговиот татко.

“Го видов во собата. Го фрли телефонот и почна да вреска. Не можете ни да замислите таков крик. Од тој момент Морати и јас го гледавме како да е наш помал брат. Тој продолжи да игра фудбал, да дава голови. По секој гол го креваше рацете кон небото, а после тој телефонски повик ништо не беше исто“, рече Занети.