Connect with us

Фудбал

ПМФЛ ќе се пренесува телевизиски на регионално ниво

Новата сезона од Првата македонска фудбалска лига ќе се пренесува на Спорт Клуб или Арена Спорт, откако двете регионални телевизии доставија понуди за откуп на ТВ правата.

Ова ќе биде прв пат во историјата на македонскиот фудбал да бидат откупени телевизиски права, а како што соопшти и ФФМ, сите финансиски средства ќе им бидат доделени на клубовите.

Телевизиските права ќе бидат откупени за наредните три сезони, а македонскиот фудбал ќе биде телевизиски следен во сите држави од поранешна Југославија.

Веќе подолго време постојат иницијативи за враќање на ПМФЛ на телевизиските екрани со цел популаризирање на фудбалот и враќање на гледачите на трибините, а досега ФФМ имаше обезбедено само интернет преноси од натпреварите.

Одговорот од клубовите се чека во најскоро време, а големи се шансите македонскиот фудбал веќе од август да го гледаме на телевизиските екрани на еден од двата најголеми спортски регионалник ТВ канали.

Извор: Дриблинг