Connect with us

Други спортови

По Келиф, уште една контроверзна олимпијка освои злато во Париз, но сигурно е дека нема да ги гледаме на следните Олимписки игри

По Имана Келиф, уште една боксерка обвинета дека е маж, Лин Ју-Тинг, го освои златото на Олимпијадата во Париз. Тајванската боксерка го освои златото во категоријата до 57 килограми победувајќи ја во финалето  Јулија Серемет од Полска со едногласна одлука на судиите и заврши на олимпискиот трон исто како и другата оспорувана боксерка, Алжирката Имане Келиф.

Да потсетиме дека Меѓународната боксерска федерација (ИБА) ги суспендираше Келиф и Лин од Светското првенство за жени во 2023 година, бидејќи, како што тврдат, тестовите „докажале дека имаат XY хромозоми“. Меѓутоа, Меѓународниот олимписки комитет одлучи дека ИБА нема да го води боксерскиот натпревар во Париз и им дозволи да настапат, а тие на крајот си заминаа дома со златни медали. Но, едно е сигурно – ниту Келиф, ниту Лин, ниту другите боксери нема да ги видиме на следните Олимписки игри, кои ќе се одржат во 2028 година во Лос Анџелес. Имено, боксот, петобојот и кревањето тегови беа исфрлени од програмата на Олимписките игри во Лос Анџелес, а наместо нив беа вклучени за постојано возење скејтборд, спортско качување и сурфање, кои беа „тест“ спортови во Париз.