Connect with us

Фудбал

По Меси, Светското првенство заврши и за Роналдо

Франција-Уругвај, ова е првата четвртфинална пресметка на Мундијалот во Русија по денешните средби. Откако Аргентина загуби со 4:3 од Франција во фантастичен натпревар и откако стана јасно дека нема повеќе да го гледаме Лионел Меси, Светското првенство заврши и за Кристијано Роналдо.

Неговата репрезентација во возбудлив меч до самиот крај загуби од Уругвај со 2:1. Стрелец на двата гола за победничката репрезентација беше Единсон Кавани, а единствениот гол за Португалија го постигна Пепе.

Натпреварот Франција-Уругвај се игра на 6-јули.

Утре на програмата се два натпревари. Од 16 часот играат Шпанија-Русија, а во вечерниот термин се среќаваат Хрватска-Данска.