Connect with us

Фудбал

По Осимен, доаѓа и Касемиро?!

Галатасарај не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, но без разлика на тоа, реши во преодниот рок во Турција да изгради исклучително силен тим, кој треба да се обиде да атакува на трофејот во Лига Европа. Виктор Осимен пред два дена пристигна во редовите на шампионот на Турција, а последен во низата желби на првиот човек на клубот од Истанбул е бразилскиот играч за врска Касемиро.

Касемиро е на удар на островските медиуми по многу лошо одиграниот натпревар против Ливерпул. Генерално игра слабо во последно време, далеку е под очекуваното ниво и реноме, па не е невозможно да си замине од Манчестер Јунајтед. Се вели дека Галатасарај тргнал напорно во обид да ги убеди и него и Јунајтед да влезат во оваа зделка. Манчестер Јунајтед за неговото доаѓање пред две години плати 70.000.000 евра на Реал Мадрид. Најдобриот фудбал во кариерата го играше во Мадрид, а претходно настапуваше за Порто и Сао Паоло.