Connect with us

Други спортови

Почина маратонката од ОИ во Париз која беше полеана со бензин и запалена од нејзиното момче

Ужасна вест, почина олимписката маратонка Ребека Чептегеи од Уганда , која неодамна се натпреваруваше на Олимпијадата во Париз. Триесет и три годишната Чептегеи била убиена од нејзиното момче во неговиот стан така што ја полил со бензин и ја запалил.

Во неделата Чептегеј беше хоспитализирана со тешки изгореници на 80 отсто од телото, а утрово беше објавено дека им подлегнала на повредите.

„Со длабока тага известуваме дека нашата атлетичарка Ребека Чептегеи, која трагично стана жртва на семејно насилство, почина рано утрово. Како федерација ги осудуваме ваквите дела и повикуваме на правда. Нека почива нејзината душа во мир“, соопшти Олимпискиот комитет на Уганда.

Инаку, Чептегеи го зазеде 44. место на маратонската трка на Олимписките игри во Париз, постигнувајќи го својот најдобар резултат во сезоната од 2:32.14. Таа, исто така, освои злато на Светското првенство во планинско и трчање во 2022 година во Чианг Маи, Тајланд.