Connect with us

Фудбал

Покетино синоќа беше на преговори, наскоро ќе стане нов селектор на Англија

Откако англиската репрезентација испадна од А дивизијата во Лигата на нации, се чини дека ќе има промена на селекторската позиција.

Иако Саутгејт неодамна изјави дека разговарал со луѓето од здружението, и дека е уверен дека ќе ја води Англија на Светското првенство, се чини дека тоа нема да се случи.

Имено, серија лоши резултати, и реми против Германија синоќа може да го чини работа актуелниот селектор на англиската репрезентација Герет Саутгејт.

 

Прашање е само дали ќе биде сменет пред или по Мундијалот, барем така тврдат англиските медиуми.

Телеграф денеска објави дека синоќа на стадионот е виден идниот селектор на Англија, а тоа е поранешниот тренер на Тотенхем и ПСЖ, Маурисио Покетино.

Наводно, челниците на здружението на оваа репрезентација се воодушевени од работата што овој селектор ја завршил и сакаат да му дадат можност да работи како селектор.

 

Покетино не би имал ништо против работата, а пред неколку недели ја одби понудата од Ница да стане нивни нов тренер.

Потоа рече дека повеќе не сака да работи во Франција, и дека сака да се врати во Англија и дека чека вистинска работа.

Се чини дека му посака добредојде, но овојпат нема да биде селектор на една од тимовите од Премиершип, туку селектор на репрезентацијата на Англија.

Останува да видиме како ќе се одвиваат работите во наредниот период, особено кога е во прашање Светското првенство во Катар и кој ќе биде селектор на оваа репрезентација таму.