Connect with us

Кошарка

Пол останува верен на Хјустон

Плејмејкерот Крис Пол нема да го напушти Хјустон Рокетс, објавија американските медиуми. „Ракетите” и 33-годишниот плејмејкер се блиску до договор за сите детали. Останува странките да се согласат само за времетраењето на соработката.

Се очекува дека новиот договор да биде потпишан на четири или пет сезони.

Во својата дебитантска сезона во Хјустон, Пол настапи на 58 натпревари во регуларниот дел од сезонатаи оствари просек од 18,6 поени со 7,9 асистенции.

Во плејофот тој одигра 15 натпревари и оствари просек од 21,1 поен со 5,9 асистенции.

Пред Хјустон настапуваше за Лос Анџелес Клиперс и за Њу Орлеанс.