Други спортови
Пол-позицијата во Австрија за Ботас
Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе стартува од пол-позицијата на трката во Формула 1 за Големата награда на Австрија.
Ботас во денешните квалификации извози најбрз круг со време 1:03.130 минута.
Неговиот клупски колега Луис Хамилтон ќе тргне од првиот ред од втората позиција.
По тандемот на Мерцедес ќе тргне двоецот на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
Од петтата до десеттата стартна позиција се пласираа: Ферстапен, Грожан, Рикиардо, Магнусен, Сајнц и Хулкенберг.
Австриското Гран при на „Ред Бул Ринг“ во Спилберг ќе почне утре во 15 часот и 10 минути.
Q3 CLASSIFICATION: Pole last year, pole this – well done, @ValtteriBottas ? #AustrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/tqtv6qxQRG
— Formula 1 (@F1) June 30, 2018