Connect with us

Фудбал

Помошник судија колабираше на Копа Америка поради високи температури

На мечот од Копа Америка помеѓу Канада и Перу, помошникот судија Хумберто Пањо од Гватемала колабираше на теренот под тежината на екстремните температури.

Играта се одвиваше при 38 степени целзиусови и 60 проценти влажност, услови кои беа премногу за Пањо, кој падна непосредно пред крајот на првото полувреме. Канадскиот голман Максим Крепо прв пријде за да помогне, а потоа интервенираше и медицинскиот тим.

Судијата беше пренесен во болница, каде тестовите потврдиле дека нема сериозни последици и наскоро ќе биде пуштен. Мечот продолжи со четвртиот судија, а Канада победи со 1-0.