Фудбал
Поради повреда не игра за Барса, но тоа не го спречи да го замени дресот со работен костим за да им помогне луѓето во поплавените подрачја
Фудбалерот на Барселона, Феран Торес се опоравува од повредата на тетивата здобиена минатиот месец поради која не играше натпреварот против Реал Сосиедад во неделата.
Каталонците беа поразени со 1-0 и наместо на натпреварот со Сосиедад, Феран отпатува во Валенсија за да помогне во спасувачките напори во поплавените подрачја во Шпанија. Во претходната недела, Валенсија беше погодена од огромни поплави, а ураганот Дана на крајот однесе повеќе од 200 животи, а уништи и многу домаќинства. Играчот не ја најави посетата на Валенсија на социјалните мрежи, но еден од жителите сподели фотографија со него и на тој начин го забележа неговото присуство во градот.