Connect with us

Кошарка

Поранешен кошаркар на МЗТ Скопје потпиша за Цибона

Поранешниот играч на МЗТ Скопје Аеродром, Марко Љубичиќ во новата сезона ќе ги брани боите на Цибона, објави загрепскиот клуб.

-Добредојде во Цибона, стои во објавата на клупската веб страница на повеќекратниот хрватски и европски шампион.

Во мината сезона Љубичиќ беше дел од Игокеа, а во минатото настапуваше и за Металац Ваљево.

Покрај во регионот, српскиот плејмејкер има и интернационална кариера во Грција, Украина и Шпанија.