Connect with us

Кошарка

Поранешен шампион: Јокиќ е прогласен за најдобар играч во НБА бидејќи е белец

Поранешниот НБА шампион Кендрик Перкинс предизвика многу реакции со својата објава во која алудира дека Никола Јокиќ, Стив Неш и Дирк Новицки се прогласени за најдобри играчи во НБА само затоа што се бели. Перкинс не го кажа тоа конкретно, но алудираше доволно јасно неговата порака така да биде протолкувана од американските медиуми и навивачите на НБА.

„Кога зборуваме за играчи кои ја освоија наградата МВП од крајот на 1990 година, има само тројца победници кои не беа во првите 10 стрелци во лигата. Тоа се Стив Неш, Никола Јокиќ и Дирк Новицки. Што имаат овие тројца заедничко?” – изјави Перкинс, кој своите најдобри кошаркарски денови ги помина во шампионскиот тим на Бостон Селтикс.

Перкинс доби многу критики на социјалните мрежи за неговите коментари, особено што го допре Никола Јокиќ, кој игра одлично за Денвер и оди по третата последователна МВП титула. Нагетс, инаку, се првиот тим на Западот.