Connect with us

Фудбал

Поранешниот крал го гледа новиот крал: Реакцијата на Роналдо додека Халанд ја полнеше мрежата на Јунајтед го обиколи светот

Пред натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо беше насмеан и расположен со надеж дека неговиот тим може да оствари позитивен резултат.

Роналдо повторно заврши на клупата, како и на повеќето претходни натпревари во првенството, што не му беше тешко, барем според неговото расположение.

Меѓутоа, кога започна натпреварот, Роналдо имаше причина за сè освен за задоволство, бидејќи беше јасно време да ја предаде круната на некој друг.

Роналдо до сега беше неприкосновен крал на стрелците, поставувајќи различни рекорди од сезона во сезона. Сега тоа го прави Ерлинг Халанд.

Португалецот на лице место виде каков играч е Норвежанецот, а неговата реакција да се фати за глава поради лош резултат сигурно ќе стане вирална.

Беше насмеан пред натпреварот, но за време на натпреварот неговите реакции беа како да се прашуваше за каков тим играм, бидејќи Јунајтед денес изгледаше навистина очајно.

Во првото полувреме Граѓаните постигнаа четири гола, а двоен стрелец беше Халанд, кој едноставно е непопустлив кон противничките одбрани.

Сметајќи ги сите натпреварувања, Халанд на 12 натпревари постигна неверојатни 17 гола и веќе може да се каже дека е апсолутен фаворит за Златната копачка.

Од друга страна, Роналдо досега постигна само еден гол, што е далеку под неговото ниво. А тој единствен гол беше пенал против Шериф во Лига Европа.

Колку и да е тешко да им се признае на навивачите на Роналдо, очигледно е дека фудбалскиот свет доби нов крал на стрелците и се вика Ерлинг Халанд.