Connect with us

Фудбал

Поранешниот напаѓач на Јуве под истрага – му се заканува затворска казна

Поранешниот напаѓач на Удинезе и Јувентус, како и на Италијанската репрезентација, Винченцо Јакинта, се соочува со шестгодишна затворска казна.

Освојувач на Мундијалот со „Азурите“ во 2006 година, е еден од 140-те обвинети кои се осомничени дека соработувале со Калабриската мафија и дека му помогнале на оваа организација да стекне незаконски приходи.

Членовите на мафијата незаконски  добивале работи за реконструкција на оштетените објекти во регионот Емилија – Ромања, која во 2012 година, е уништена од катастрофален земјотрес, а Јакинта со многу други луѓе биле соучесници во нелегалните активности.

Затоа поранешниот фудбалер се соочува со шест години затвор. Во полоша позиција е неговиот татко за кој Обвинителите бараат затворска казна од 19 години, поради тоа што е еден од главните фактори кој на мафијата и овозможил да стекне нелегален профит.

Јакинта во својата кариера, во дресот на Јувентус ја освои титулата во 2013 година, по што стави крај на кариерата, а се разбира дека неговото најголемо достигнување е златото на Светското првенство во Германија во 2006 година.