Connect with us

Фудбал

Поранешниот тренер на Севиља го презема Атлетик Билбао

Едуардо Берицо е новиот тренер на Атлетик Билбао.

Четириесет и осум-годишниот Аргентинец, кој го предводеше за последно тимот на Севиља, потпиша едногодишен договор со Баскијците.

Берицо беше отпуштен од Севиља во декември набргу откако беше подложен на операција за рак на простата.

Тој го заменува Хозе Ангел Сиганда на чело на тимот, по разочарувачката сезона и освоеното 16-то место во Ла Лига.