Connect with us

Фудбал

Португалец ќе ја предводи „волчицата“

Паоло Фонсека е новиот тренер на Рома. Клубот од Рим на социјалните мрежи објави дека Португалецот потпишал двегодишен договор.

Сезоната што неодамна заврши беше фијаско за амбициите на „волчицата“. Рома не успеа да да избори место во Лигата на шампионите, во домашниот Куп испадна во четврт-финалето.

Поради променливите резултати тренерот Еузебио Ди Франческо беше отпуштен, а со него замина и спортскиот директор Мончи. На местото на Ди Франческо дојде искусниот Клаудио Раниери со задача да ја заврши сезоната.

Клупските челници за нов тренер го избраа Паоло Фонсека кој две сезони го предводеше Шахтјор. Овој 46 годишен тренер во кариерата работел и Во Брага, Пакош Фереира, Порто и Авеш.

Финансиските детали од договорот не се објавени.

It's official – Paulo Fonseca will be the new head coach of AS Roma!Welcome Paulo! 🐺

Gepostet von AS Roma am Dienstag, 11. Juni 2019

Извор: TopSport.mk

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com