Connect with us

Фудбал

Потврдено: Џон Тери во Спартак Москва

Легендарниот англиски фудбалер Џон Тери (37) кариерата ќе ја продолжи во Русија, односно во Спартак Москва.

Руските медиуми денеска добија потврда од московскиот клуб дека Тери денеска ќе потпише договор со Спартак до крајот на сезоната.

За девет месеци, колку што ќе биде во Москва ќе заработи 1,9 милиони евра без бонус, а со Спартак, Тери ќе игра во Европа и односно во Лига Европа.

Тери ги изврши медицински прегледи денес во Рим, а не во Москва, пренесуваат англиските медиуми, а во главниот град на Русија ќе се појави следната недела.

Искусниот дефанзивец минатата сезона ја помина во Астон Вила, а со години ја носел капитенската трака на Челзи, каде што стана апсолутна легенда.