Connect with us

Ракомет

Пред Македонија падна и Романија, следна е Франција

Младинската машка селекција продолжува со победничкиот ритам на MEN’S 20 EHF EURO 2024.

Денес во СС „Три Лилије“ во Лашко, Словенија младинска селекција славеше победа против селекција на Романија со резултат 26:31.

Следен противник на младинците е Франција , а натпреварот е закажан да се оддигра на 18.07 (четврток) со почеток во 12:00 часот.

Македонија разигрува за пласман од 9-то до 12-то место, ако победи ќе биде 9-та на ЕП.

За најкорисен играч на натпреварот МВП беше прогласен голманот Иван Галевски.

 

 

Advertisement