Connect with us

Фудбал

Пред неколку дена го платија 80 милиони евра, а на „Максимир“ испадна вистински аматер

Фудбалерите на Челзи на Максимир против Динамо го одиграа натпреварот од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Сините многу лошо го отворија денешниот натпревар против загрепскиот клуб бидејќи Динамо успеа прв да дојде до водство.

Шампионот на Хрватска успеа да ги шокира гостите од Лондон во 13. минута кога Оршиќ направи фантастичен контранапад и го совлада Кепа со 1:0 и славеа навивачите на домашниот клуб.

Динамо одигра навистина добро во првото полувреме и покажа дека не случајно веќе неколку години е стандарден член на групната фаза од Лигата на шампионите.

Сепак, она што уште повеќе ги шокираше навивачите на Челзи е очајната реакција на дефанзивецот Весли Фофана во акцијата која му претходеше на голот на домаќините.

Фофана токму минатата недела како големо засилување пристигна во Челзи од Лестер, а клубот за него потроши дури 80 милиони евра, што изненади многумина.

Еве зошто навивачите на Челзи се во шок бидејќи Фофана на голот на Оршиќ изгледаше како аматер, па дури и трчаше 40 метри по играчот на Динамо, но на крајот не успеа да го спречи да постигне гол.

Ова е уште еден доказ колку се погрешни стандардите во Англија околу трансферите на играчи, а колку клубовите од оваа земја преувеличуваат со бројките.

Фофана на Максимир дебитираше во Лигата на шампионите, но сигурно е дека овој натпревар нема да се памети по милост.