Connect with us

Фудбал

Претседател на фудбалски клуб осуден на затворска казна поради удирање на судија

Поранешниот претседател на Анкарагуџу Фарук Коџа беше осуден за брутален напад врз судијата Халил Умут Мелер во турската Суперлига минатиот декември. Како што јавува државната новинска агенција Анадолу, судот го осудил на три години и седум месеци затвор за намерна телесна повреда.

Коча исто така доби дополнителна шестмесечна затворска казна поради заканите и дополнителни пет месеци условна, а затворски казни добија и уште три лица кои учествуваа во инцидентот. Да потсетиме, во декември 2023 година, по мечот меѓу неговиот Анкарагуџу и Ризеспор, Коча брутално удри тупаница во лицето на познатиот турски судија, што се виде и на видео. Откако паднал на подот, другите инволвирани лица го клоцале по лицето. Турската федерација потоа ја суспендираше лигата, а Коча беше доживотен суспендиран од турскиот фудбал, по што поднесе оставка како претседател на клубот.