Connect with us

Фудбал

Претседателот на ПСЖ: Најдобриот играч на светот нема да замине бесплатно. Тоа е невозможно

Луис Енрике беше претставен како нов тренер на ПСЖ. Шпанскиот стручњак и поранешен репрезентативец го наследи Кристоф Галтиер. Енрике, меѓу другите, има важна задача пред себе, а тоа е да го задржи Килијан Мбапе во клубот. Францускиот интернационалец влегува во последната година од договорот, а како слободен играч може да замине во 2024 година. Мбапе се уште нема потпишано продолжување, а таа ситуација ја прокоментира претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи.

„Секако дека не сакаме Мбапе да си замине бесплатно во 2024 година. Нашиот став е јасен. Ако Килијан сака да остане, сакаме и ние тој да остане. Но, тогаш тој мора наскоро да потпише нов договор. Не сакаме да го изгубиме најдобриот играч на светот бесплатно. Тоа е невозможно“, изјави претседателот на ПСЖ.