Connect with us

Фудбал

Претставувањето на Раџа Наинголан не помина без прашањето за Џеко и Икарди

Раџа Наинголан денеска и официјално е претставен како нов фудбалер на Интер.

Белгиецот во редовите на „Нероазурите“ стигна од големиот ривал Рома, а првите прашања на новинарите беа за Џеко и Икарди.

Тие побараа да го спореди Џеко со напаѓачот на Интер Мауро Икарди, а Наинголан тоа го направи без многу полемика.

„Џеко и Икарди? Два врвни напаѓачи, но потполно различни. Икарди повеќе сака гол, додека Џеко е тимски играч. Имав добра соработка со Џеко, се надевам дека така ќе биде и со Икарди“ истакна Наинголан, кој не сакаше да зборува за Рома.

„Интер ме сака и се радувам на новата авантура. Не сакам премногу да зборувам за Рома. Битно е дека имам голема самодоверба и се надевам дека довербата на Интер ќе му се исплати на теренот. Сакам трофеј затоа и дојдов“, рече Наинголан.

Наинголан во Интер ќе го носи дресот со бројот 14.