Connect with us

Фудбал

Пријателот на Роналдо откри таен план: Кристијано ќе игра на Мундијалот на 45 години

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, има 39 години и веќе две години игра во Саудиска Арабија, настапувајќи за Ал Наср. Сепак, тоа што повеќе не е во европскиот фудбал нема да го спречи да се обиде да учествува на Светското првенство во 2030 година, истакнува неговиот поранешен соиграч Нани.

Во петокот беа извлечени квалификациските групи за одење на Светското првенство во 2026 година, барем кога се во прашање европските селекции, а во зависност од двомечот против Данска во Лигата на нации, селекцијата на Португалија ќе игра во група со Грција, Шкотска и Белорусија или со Унгарија, Република Ирска и Ерменија. Тој Мундијал ќе се игра во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, а како што стојат работите, Кристијано Роналдо речиси сигурно по шести пат ќе биде учесник на глобалното првенство.

Сепак, можно е Роналдо да биде присутен и на Мундијалот во 2030-та, чиј домаќин ќе бидат три земји, од два континенти. Како што е познато, домаќини ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко.

Таа приказна ја потврди и неговиот долгогодишен соиграч Нани, кој неодамна ги закачи копачките.

-Не се сомневам дека Кристијано ќе игра на Светското првенство во 2030 година. Дотогаш ќе следи посебен режим на исхрана, за да може да го игра Светското првенство во Португалија и потенцијално финалето на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.