Connect with us

Фудбал

Пристигна неочекувана понуда за Канте, Челси веднаш одговори!

Тренерот на Интер, Антонио Конте, очајно сакаше да го донесе Н’гола Канте, но Челзи не го испушти својот играч од средниот ред.

Интер беше подготвен да му го понуди на Челзи хрватскиот играч за врска Марсел Брозовиќ покрај парите, но тимот од Лондон ја одби таквата понуда без размислување.

Челзи ова лето донесе неколку врвни засилувања, пред се Каи Хаверц и Тимо Вернер, па ќе мора да продаде неколку играчи за да ги избалансира своите финансии, но очигледно немаат намера да го продадат Канте.

Интер може да заработи многу на Канте, но Лампард не сака да го замислува својот тим без одличниот француски репрезентативец.

Канте дојде во Челзи од Лестер летото 2016 година за 20 милиони евра и оттогаш тој е неопходен член на „сините“ и еден од главните играчи.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com