Connect with us

Фудбал

Проблеми за новиот тренер: Соиграчите бесни на Месут Озил

Oва лето пред Арсенал има многу работа, а првиот голем предизвик за лондонскиот клуб е новиот тренер, бидејќи по 22 години Арсен Венгер го напушта клубот.

Венгер неодамна потврди дека ова е негова последна сезона во Арсенал, и дека по 22 години тој ќе ги остави Топџиите.

Покрај тоа, англиските медиуми шпекулираат дека ќе има промена на играчите, но и дека челниците се загрижени за ситуацијата околу Месут Озил. Наводно, играчите на Арсенал не се многу задоволни од третманот кој го има германски репрезентативец во однос према нив.

Оваа сезона, Озил пропушти многу натпревари бидејќи честопати тврдел дека бил болен. Наводно, поради тоа настана омразата кај соиграчите кои веруваат дека Германецот има можност да избере кој натпревар сака да го игра.

Ако ова е вистинска информација, јасно е дека ќе има повеќе предизвици пред новиот тренер отколку што може да се очекува.