Фудбал
Прогнози пред Мундијалот – Германија прва со 24%
Аналитичари од UBS банка објавија листа на фаворите за освојување на Светското првенство во Русија. Германија пред Бразил, се согласувате?
Иако многу го гледаат Бразил како фаворит за освојување на Светското првенство во фудбал, Русија 2018, аналитичарите не мислат така. Тие дојдоа до друг заклучок.
Со употреба на програма која тие ја користат за предвидување на цените на светските берзи, дојдоа до податоци дека актуелниот светски шампион, Германија, е првиот фаворит за освојување на Мундијалот со 24%.
Бразил, кој за многу мина е најакиот тим, се наоѓа на второто место со 19,8%, а трета е Шпанија со 16,1%.
Веројатно јасно ви е зошто во прв план не ги ставивме Србија и Хравтска.
На овие две фудбалски селекции им се дава по 0,2% можност за освојување на Мундијалот.
Еве ја комплетната листа: