Connect with us

Ракомет

Прв пораз на ЕП на македонските млади ракометари, остануваат уште два меча!

Младинската машка селекција го запиша првиот пораз на MEN’S 20 EHF EURO 2024.
Денес нашите млади ракометари беа поразени од селекцијата на Франција со резултат 18:25, а натпреварот се оддигра во салата „Головец“ во Целје. Младинците ќе оддиграат уште два натпревара до крај на MEN’S 20 EHF EURO 2024, односно натпревари за конечен пласман од 9-то до 12-то место на ЕП. Противниците на нашите ракометари ќе ги дознаеме по оддигрување на натпреварите од групата I2 во која се селекциите на Унгарија, Словенија, Хрватска и Србија.

Advertisement