Connect with us

Фудбал

Рафиња одби 100.000.000 евра за да ја напушти Барселона

Рафиња одби да ја напушти Барселона во веќе изминатиот летен преоден рок. Шпанските медиуми откриваат дека клубот добил понуда од 100.000.000 евра за Бразилецот. Со оглед на тешката финансиска ситуација, Жоан Лапорта одговори позитивно, но Рафиња без размислување одби.

Клуб од Саудиска Арабија му понудил на Рафиња четиригодишен договор вреден 25.000.000 евра по сезона.

Остана необјавено кој клуб ја доставил понудата, но се шпекулираше дека сите четири големи саудиски тимови Ал Хилал, Ал Насер, Ал Итихад и Ал Ахли биле подготвени да ја платат таа сума.

Рафиња во кариерата играше за Виторија Гимараеш, Спортинг Лисабон, Рен и Лидс.

Барселона го купи во летото 2022 година за 58 милиони евра од Лидс.

„Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 50 милиони евра.