Connect with us

Ракомет

Ракометарките поразени од Шведска следува дуел со Србија

Нашите ракометарки ги загубија и теоретските шанси за евентуален пласман на Европското првенство кое кон крајот на годинава ќе се одржи во Франција.

Избраничките на селекторот Симе Симовски во претпоследниот дуел од овој циклус во Скопје загубија од Шведска со 32:20 и настапот во квалификациите ќе го завршат на третото место. Предводникот на националниот тим е незадоволен од вчерашниот настап, но очекува во иднина сепак овој тим да игра на повисоко ниво и конечно да се врати на големите натпреварувања.

“Швеѓанките ја оправдаа фаворитската улога, им честитам на победата. Ние одигравме катастрофално во првите 20 минути од натпреварот. Оние совети кои ги дававме од клупата не беа целосно спроведувани на терен, па ваквиот резултат е неминовен. Во второто полувреме заигравме со подобар пристап, во одбраната бевме поагресивни. Севкупно гледано, дел од ракометарките не задоволија со пристапот, ќе треба да работиме на тој план. Ниту на физички план не делувавме најдобро, едноставно овие натпревари се поука, дека сите треба да инвестираме во себе и да работиме напорно за да напредуваме“”

До крајот на квалификациите нашите ракометарки в недела и гостуваат на Србија, натпреварот се игра во Ниш и почнува во 18 часот.