Ракомет
Ракометното ЕП се отвора со историски натпревар на фудбалскиот стадион
Во Среда со натпреварот помеѓу Германија и Швајцарија започнува Европското првенство во ракомет. Тоа ќе биде и историски натпревар за целиот ракомет, бидејќи натпреварот ќе се игра на фудбалскиот стадион во Дизелдорф. Арената Меркур Шпил е распродадена и мечот во живо ќе го следат 53.000 гледачи, што значи дека ќе биде најгледаниот ракометен натпревар во историјата.
Актуелниот рекорд на посетеност беше поставен пред десет години, кога на мечот меѓу Ловен и Хамбург имаше 44.189 гледачи. Тревникот на фудбалскиот стадион во арената Меркур Шпил беше отстранет, а беа поставени околу девет илјади седишта за да се сместат што повеќе навивачи.
На овој стадион настапува германскиот второлигаш Фортуна, кој од лето ќе биде домаќин и на Европското фудбалско првенство. Австрија и Франција ќе играат на 17 јуни, а Дизелдорф потоа ќе биде домаќин на уште четири натпревари од кои едно четвртфинале. Стадионот може да прими 54.600 гледачи на фудбалски натпревари, а за време на концертите капацитетот се зголемува на 66.500. Стадионот се градеше од 2002 до 2004 година и чинеше 240 милиони евра.