Connect with us

Фудбал

Рамирез ќе биде сменет од селекторското место на Костарика

Оскар Рамирез ќе биде разрешен од селекторската функција во костариканската фудбалска репрезентација поради елиминацијата уште во групната фаза на Мундијалот во Русија, потврди претседателот на Фудбалската асоцијација на таа земја, Родолфо Виљалобос.

– На Рамирез нема да му биде понуден нов договор. По натпреварот со Швајцарија сите во федерацијата со согласивме дека треба да започнеме нов циклус. Гарантирам дека Костарика ќе биде во Катар 2022 година, изјави Виљалобос на прес-конференција.

Костарика во Е-групата на СП забележа два пораза, од Србија (1:0) и Бразил (2:0) и одигра нерешено со Швајцарија (2:2).