Connect with us

Фудбал

Рамос: Трофејот во ЛШ ќе го засени успехот на Барселона

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос очекува со освојување на Лигата на шампионите (ЛШ) неговиот клуб донекаде да гo засени успехот на Барселона во шпанското првенство.

–  Доколку Реал ја освои Лигата на шампионите, тоа барем донекаде ќе го засени успехот на Барселона во Шпанија. Тие освоија две титули, но ако ние, како нивни најсилни ривали, го освоиме елитното европско натпреварување, тоа ќе го смени односот на силите, истакна Рамос.

Според Рамос, тимот на Реал е добро подготвен за финалето.

– Никој не нe почитуваше, сите имаа други фаворити за освојување на трофејот, но им ја „затнавме“ устата, нагласи Рамос.

Реал Мадрид на 26 мај во Киев во финалето на Лигата на шампионите ќе се соочи со Ливерпул, а воедно ќе се обиде да ја освои третата титула во низа.