Connect with us

Фудбал

Распродадено „Олимпико“ за решавачкиот дуел меѓу Лацио и Интер

Раководството на Лацио објави дека сите билети за решавачкиот натпревар со Интер се распродадени, Ќе биде „жешко“ на „Олимпико“ утре каде Лацио ќе се бори да остане непоразен за да го задржи4. место во Серија А и да се квалификуваат во Лигата на шампионите.

На гостите од Милано за учество во елитното натпреварување му одговара само победа.

Покрај големата поддршка која ќе ја има Лацио, Интер ќе биде бодрен од околу 12.000 фанови кои ќе пристигнат од Милано.

– Стадионот ќе биде неверојатен утре, Очекувам спектакл. Сите билети за натпреварот се распродадени, навивачите кои не успеале да најдат билет може да добијат билет, ако некој се откаже. Поради онлајн продажбата потенцијално можност да се купи билет ќе се има до последен момент пред почетокот на натпреварот, рече Марко Каниџиани, маркетинг директор на Лацио.

Тој ги повика навивачите да дојдат на стадионот малку порано од вообичаеното.