Connect with us

Ракомет

Раул Гонзалез го скрати списокот за баражот со Романија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација го скрати списокот на играчи кои се во конкуренција за дуелите со Романија.

На собирот што е закажан на четврти јуни во 16:30 часот во хотелот Александар Палас повикани се 20 ракометари и ќе бидат дел од подготовките за двете соочувања со Романија кои решаваат за пласман на Светското првенство.

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Велко Маркоски

Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски

До официјалниот почеток на подготовките селекторот Гонзалез во Скопје ќе тренира со ракометарите кои ги завршија обврските во клубовите, а тренинзите ќе се одржуваат во салата во Автокоманда.

Кога националниот тим ќе се комплетира играчите ќе тренираат во Борис Трајковски каде на 10 јуни ќе се игра првиот меч со Романците, а три дена подоцна следува гостувањето во Клуж.