Connect with us

Фудбал

Реал е без пораз во Ла Лига веќе 41 натпревар, со што се приближува до рекордот на сите времиња

Реал Мадрид го совлада Виљареал со 2-0 во натпревар од 9. коло на Ла Лига и со тоа ја продолжи серијата без пораз во шпанската лига, која трае од 24 септември 2023 година. Серијата без пораз на Реал изнесува 41 натпревар.

На „кралевите“ им требаат уште два натпревари за да го израмнат рекордот на сите времиња што го држеше големиот ривал Барселона во периодот од 2017 до 2018 година.

Реал во следните три кола ќе игра со Селта на гости, потоа со Барселона дома, а потоа со Валенсија на гости.

Инаку, на овие 41 натпревар во Ла Лига, Реал има 30 победи и 11 нерешени.

Во европските топ 5 лиги, најдолгата серија без пораз ја има Милан со 58 натпревари во периодот од 1991 до 1993 година. 2019 до 2020 година.