Фудбал
Реал едвај до бод против Бриж на домашен терен, Шахтар со пресврт до победа против Аталанта
Во второто коло од Лигата на шампионите Аталанта го пречека Шахтјор. Натпреварот започна жестоко и со брза игра на двете екипа.
Италијаните имаа шанса да дојдат до предност уште на почетокот од натпреварот, односно во 16. минута кога беше досуден пенал. Јосип Илиќ ја презеде одговорноста да го изведе пеналот, но не успеа да ја затресе мрежата на противникот.
Само десет минути потоа, Запата со глава успеа да постигне гол за водство на Аталанта од 1:0.
Гостите од Украина во 41. минута од натпреварот успеаа да го изедначат резултатот. Алан Патрик со одлично додавање го пронајде Мораеш кој излезе еден на еден со голманот и не му беше тешко да ја затресе мрежата и да го изедначи резултатот.
Во судиското продолжение Шахтјор успеа да дојде до гол да целосен пресврт на натпреварот. Манор Саломон со гол во 90+5. минута успеа да му донесе победа на својот тим вредна три бода.
Реал не успеа да ја оправда фаворитската улога дури ни на домашен терен. Клуб Бриж се покажа како тежок противник и од Мадрид замина со бод.
Клуб Бриж во овој натпревар како да влезе со поголема желба за победа од Реал. Одличната игра која ја покажаа му донесе водство уште во 9. минута од натпреварот кога Емануел Денис ја затресе мрежата на Реал Мадрид.
Истиот фудбалер во 39. минута од натпреварот го замолкна „Сантијаго Бернабеу“ со гол за водство од 2:0.
Реал очајнички се обидуваше да стигне до гол, но нивната „млитава“ игра не придонесе за промена на резултатот во првото полувреме.
„Кралевите“ успеаа да постигнат гол дури во 55. минута од натпреварот. Капитенот Серхио Рамнос беше највисок во скокот, успеа да ја затресе мрежата и ја намали предноста на Клуб Бриж на 2:1
Тимот од Белгија се држеше добро до самиот крај на натпреварот. Во 85. минута од натпреварот Каземиро ги постави конечните 2:2, а за сето тоа беше виновен капитенот на Клуб Бриж Руд Вормер кој во 84. минута заработи втор жолт картон.
Иако со играч помалку Белгиците успеаа да останат непоразени на овој натпревар и да „откинат“ бод од големиот Реал Мадрид.