Фудбал
Реал го донесе турското чудо, шефот на Барса: Им го оставивме затоа што сме многу посилни
Арда Ѓулер(18) беше претставена во Реал Мадрид како нов играч на клубот. Младиот турски играч од средниот ред ги одби понудите од други клубови, меѓу кои и Барселона, и пристигна на „Сантијаго Бернабеу“. Реал за младиот турски напаѓач му плати 20 милиони евра на Фенербахче, а за него проговори и претседателот на Барселона Жоан Лапорта.
„Имаме подобар тим од Реал Мадрид. Не е само прашање на тимот, имаме и подобри играчи индивидуално. Тие се далеку пред Реал. Знаеме што сака тренерот Чави. Ни недостигаат бек и играч од средниот ред за да ги исполнеме сите негови барања“, започна шефот на Барселона и додаде:
„Имавме договор со Ѓулер и бевме подготвени да му платиме на Фенербахче 17,5 милиони евра. Потоа се појавија други клубови како Реал и платија многу повеќе. Тогаш решивме да не влегуваме во тендерска војна, имаме други добри играчи. Можевме да се натпреваруваме за него , но не сакавме. Не сме за него и нема да бидеме ниту за други. Имаме одредени критериуми и ги почитуваме. Не сакаме да се враќаме назад.”